АИКОЛ на македонскиот пазар е присутен од 2009 година. Се појави како идеа меѓу два партнери „ТРД РОБИ - ТЕЛЕКАБЕЛ“ и „AICALL Telekommunikations- Dienstleistungs GmbH“ од Австрија, а со макотрпна работа за 3 години успеа да се издигне во 200 најуспешни компании во Македонија. Своите услуги ги нудиме под брендот „ТЕЛЕКАБЕЛ“ со што на корисниците покрај останатите услуги понудени под овој бренд можат да користат и фиксна телефонија.

   Визијата на АИКОЛ е да биде компанија која не само што ги воведува и следи стандардите за работење во областа на телефонијата, туку и се грижи за своите корисници со својата 24 часовна поддршка. Меѓу корисниците останува препознатлива по услугите со највисок квалитет, кое е пресудно што АИКОЛ успеа за кратко време да ја стекне нивната доверба и да ја прошири својата мрежа на покриеност, со што телефонијата сега ги опфака сите градови каде што е застапен брендот „ТЕЛЕКАБЕЛ“.

   АИКОЛ е првата компанија која постави нов стандард во телекомуникациите во Македонија и понуди неограничени бесплатни разговори на своите корисници.

Во моментов на фиксната телефонија на „ТЕЛЕКАБЕЛ“ се приклучени околу 20.000 корисници кои бесплатно се приклучуваат на мрежата, плаќаат најниска месечна претплата, разговараат со корисниците на другите оператори со значително пониски цени и уживаат во долгите неограничени и бесплатни разговори со останатите корисници на „ТЕЛЕКАБЕЛ“.

   И во иднина АИКОЛ останува на целите од својата визија и ќе продолжи со воведување на нови технологии и услуги во фиксната телефонија со единствена цел задоволни корисници.